- Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се наведени во јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана. Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување – се наведува во објавата.
Во огласот се наведува дека при вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
- Воедно, Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата – пишува во огласот.
Платата изнесува од 30.552 денари па нагоре, со дополнителни над 13.000 денари за надоместокот на трошоци за станбено обезбедување.
