Според податоците на Светската банка, најголема разлика има меѓу возрасните групи. Кај онлајн купувачите на возраст од 15 до 34 години, 40,3% плаќаат само во готовина, додека кај лицата над 55 години овој процент достигнува 81,8%.
Разлики се забележуваат и според местото на живеење – во руралните средини 60% од купувачите плаќаат исклучиво во кеш, наспроти 41,4% во урбаните средини.
Иако 75,2% од возрасното население поседува дебитна картичка, само 28% користеле мобилен телефон или интернет за купување производи и услуги.
Од АЕТМ посочуваат дека решението не е укинување на плаќањето при достава, туку создавање подобри услови за дигитално плаќање преку поголема доверба, едукација и поедноставно корисничко искуство.
