Финансискиот експерт Ромео Костадинов вели дека стабилната инфлација создава подобри услови за бизнисот, овозможува полесно планирање и отвора простор за нови инвестиции. Сепак, посочува дека поевтинувањата нема да бидат драстични, бидејќи трговците сè уште продаваат производи набавени по повисоки цени.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни изнесуваше 3,4% на годишно ниво, додека во однос на мај трошоците за живот се намалиле за 0,5%. За споредба, во јуни 2022 година инфлацијата достигна 14,5%.
Експертите сметаат дека по стабилизирањето на цените, фокусот на Владата треба да биде насочен кон поттикнување на инвестициите и забрзување на економскиот раст.
