Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4.7 проценти, во приградскиот превоз за 8.8 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9.2 проценти и меѓународниот превоз за 1.3 проценти.
Вкупниот број на патничките километри во првото тримесечје изнесува 248.568.000 и е зголемен за 0.3 проценти во однос на истиот период од претходната година.
Во градскиот превоз бројот е намален за 1.8 проценти, во приградскиот за 8 проценти, а во меѓународниот за 0.4 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.7 проценти.
