Во својата рубрика за патувања, медиумот нагласува дека, иако најголемиот дел од туристите традиционално се насочуваат кон земји како Франција, Шпанија и Италија, континентот крие многу помалку откриени, но исклучително вредни дестинации – меѓу кои се издвојува и Македонија.
Македонија е претставена како „драматично планинска земја“, сместена северно од Грција, со импресивни природни пејзажи – од зелени ридови и планински врвови до карпести предели кои нудат автентично доживување за љубителите на природата.
Посебен акцент е ставен и на гастрономијата, која се менува од регион до регион и нуди богата палета вкусови, како и на климатските услови што овозможуваат производство на квалитетен зеленчук и развој на лозарството и винската индустрија.
Медиумот го издвојува и Скопје како град што нуди уникатен спој на модерно и традиционално, но и националните паркови и планинските региони, кои се сè поатрактивни за авантуристички туризам.
Ваквото меѓународно признание се очекува да придонесе за зголемен интерес кај странските посетители и зацврстување на имиџот на Македонија на светската туристичка мапа.
Извор:faktor.mk
