![Бугарија ги крена границите за влез на Македонците](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b0/39490c0b-resize-820x0x100.jpg)
Со последната одлука, С Македонија е преместена од црвена во портокалова зона Бугарија од утре, 10 октомври, и повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзина територија.
Со последната одлука, Северна Македонија е преместена од црвена во портокалова зона, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација ( поминати најмалку 14 дена откако е примена втората доза) или сертификат за прележан ковид-19 (од 11. до 180. ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).