![Поскапува струјата од Нова Година?!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d1/e9daa81d-resize-820x0x100.jpg)
Струјата поскапува. Од 1 јануари најмалку за 5 проценти ќе се зголеми цената на електричната енергија, оти ДДВ за струјата од 5 ќе оди на 10 проценти.
Ова го потврди вицепремиерот за економски прашања, откако министерот за финансии го најави вчера. Зголемувањето на данокот е само една од ставките во конечната цена на струјата, која ја утврдува Регулаторна комисија. Владата прави пресметки, за зголемувањето да не биде на удар на граѓаните.