Најголемата интернет продавница „Amazon“ нуди седмичен бонус од 50 фунти за постојаните работници во Велика Британија доколку навреме да дојдат на работа, пренесува во четвртокот BBC.
Наградата ќе важи за работниците кои се јавувале на работните места секој ден во седмицата, исклучувајќи ги боледувањата поради инавлидност или Covid-19. Од „Amazon“ изјавиле дека наградата ќе ѝ помогне на компанијата да ги исполни своите летни и божикни деловни цели.
Интернетскиот малопродажен гигант минатата седмица понди бонус од 1.000 фунти за работниците во складиштата кои ќе почнат да работат пред 18-ти септември. Ваквите поттикнувања се нудат во периодот на закрепнување на британскиот пазар на трудот, порад што бројот на слободни работени веста во август бил рекордно висок.
„Во моментов нудиме бонус за доаѓање на бројните локации за постојано вработените кои ќе ја поддржат нашата летна побарувачка и ќе ни помогнат да се подготвиме за сезоната на празниците“, изјавил портпаролот на „Amazon“.
Бонусот ќе се исплаќа седмично врз основа на 100-процентното навремено доаѓање на работното место во сите смени, со исклучок на изостанувањата според Законот за еднаквост или недоаѓање на работа поради Covid-19.
Компанијата се соочува со критики поради лошите услови за работа во Велика Британија и други делови во светот, а некои поранешни работници на „Amazon“ обвинија дека биле третирани како роботи.
Некои стопански гранки во Велика Британија имаат голем проблеми поради недостигот од работна сила, во прв ред од возачи.
Кон крајот на август рестораните на синџирот за брза храна „McDonald’s“ во Англија, Шкотска и Велс останаа без милкшејк и напивки во шишиња поради проблемите во снабдувањето, соопшти компанијата, наведувајќи дека една од главните причини е недостигот од возачи на камиони. Голем број компании пријавија проблеми во снабдувањето поради недоволниот број возачи, а јужноафриканскиот синџир за брза храна „Nando’s“ затвори некои од своите продавници во Велика Британија, откако остана без пилешко месо.
Поради тоа, синџирот супермаркети „Tesco“’ им понуди на возачите при потпишувањето на договорот за работа бонус од 1.000 фунти, а синџирот стоковни куќи „John Lewis“ соопшти дека планира да ги зголеми платите.
Големи компании во месната индустрија, дури, имаат намера да вработуваат сегашни и поранешни затвореници за да ги пополнат празните работи места во кланиците и погоните за преработка на храна.