Vrabotuvanje.com - Друштво за производство и трговија АДРИЈУС ДОО увоз-извоз с.Глумово Сарај
Share
Tweet
Share

Друштво за производство и трговија АДРИЈУС ДОО увоз-извоз с.Глумово Сарај

...

Адријус Доо е основана во 1992 година, првично како семеен бизнис со двајца вработени, кој со текот на годините постепено прерасна во водечка трговска компанија. Во почетокот главната дејност на компанијата се базираше на увоз на зелени банани, кои созреваа и се дистрибуираа до крајните корисници. Во меѓувреме растеше желбата за бизнис кај сопствениците и тие ги насочија своите активности кон трговијата со увоз на замрзнато месо и други сродни производи.

Компанијата моментално брои повеќе од 70 вработени, но со оглед на капиталните инвестиции на новиот објект кој има модерна управна единица и најсофистицирани комори за замрзнување, како и грејни тела со зелена банана, оваа бројка има тенденција да се зголемува енормно, сето тоа во функција. да ги задоволиме нашите клиенти.

...

НАШАТА МИСИЈА

“Континуирана идентификација и задоволување на потребите и желбите на нашите потрошувачи преку постојано следење на технологијата, трендовите на пазарот, истражување на пазарот, како и со постојано воведување на иновации насочени кон ултимативно задоволство на крајните потрошувачи“.

На самите почетоци нашата компанија броеше двајца вработени, за дeнес бројот на вработени да порасне на над 70 вработени во секторите: Развој на нови производи, Магациско работење, Дистрибуција, Комерција, Набавки, Финансии, Маркетинг.

Компаниската култура на Адријус се темели на:

  • Мотивациски став спрема вработените.
  • Проактивен пристап кон секој предизвик и меѓусебна соработка.
  • Почит и вреднување на секој вработен и соработник.
  • Градење на отворена и искрена комуникација со секој член од тимот.
  • Прифаќање на промените и охрабрување на развој на нови идеи.
  • Поттикнување и поддршка на индивидуалниот раст и развој, преку постојано инвестирање во обуки

    ...

Силната компаниска култура придонесува за голема лојалност од страна на нашите вработени, чиј број од година во година, заедно со компанијата, континуирано растат. Особено радува фактот што дел од вработените се со компанијата уште од самите почетоци на основањето на компанијата.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more