Со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР) оваа година ќе ја организира својата 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена како: "HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology". Конференцијата ќе се одржи на 21-ви и 22-ри Октомври 2021 година (во онлајн формат).На која Vrabotuvanje.com традиционално ќе биде главен покровител и поддржувач.
Конференцијата повторно ќе биде домаќин на повеќе од 20 истакнати говорници, професори и практичари со напредни размислувања од странство, кои ќе ги споделат своите лични искуства во областа на управувањето и менаџментот со човечки ресурси и своето специјализирано знаење, иновативни идеи, практични и докажани решенија, како и препораки што менаџерите и професионалците можат да ги имплементираат во нивните организации.
Учесниците на Конференцијата, како и досега, ќе имаат можност да слушнат излагања од експерти во оваа област, да бидат во тек со HR трендовите, да добијат увид, да ги споделат своите идеи и да се вмрежат со колеги и извршни менаџери од својата професија. Воедно, во рамките на Конференцијата ќе бидат организирани и HR Expo 2021, како и „Глобален Панел“, на кој ќе учествуваат претставници на Меѓународни HR асоцијации од пет различни континенти. (To be confirmed)
Наскоро ќе објавиме дополнителни информации, вклучувајќи ја и листата на овогодинешните реномирани говорници.
Ве повикуваме да ги сочувате датумите 21 и 22 Октомври 2021 година во Вашите бележници и роковници за учество на 13. Меѓународна HR конференција...
Во најава13. Меѓународна HR конференција во Октомври!
Aktualno
-
ПОПЛАДНЕ ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
ИМАТЕ НЕИСКОРИСТЕНИ ДЕНОВИ ОД СТАРИОТ ОДМОР? Еве која е вашата законска обврска
Правото на годишен одмор е загарантирано со Уставот
-
Зошто никогаш не треба да ја фрлате течноста што се појавува на површината на киселото млеко?
Дали некогаш сте забележале вода врз вашето кисело млеко или павлака и сте се запрашале што е тоа? Доктор од Универзитетот во Сандерленд тврди дека иако можеби не е најубавата глетка, течноста никогаш не треба да се фрла.
-
„Google“ тајно снима сè што ќе кажете? Еве како да го исклучите
Технолошкиот гигант чии услуги ги користат милијарди луѓе ширум светот, има функција која му овозможува тајно да ги снима гласовите на корисниците и да ги складира за други цели.
-
КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени
Попустите што можат да ги добијат корисниците на оваа апликација се големи и достигнуваат и над 80 проценти.
-
ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа
Данокот на богатство е „широк“ данок кој треба да ги покрие сите или повеќето средства кои припаѓаат на богат поединец или домаќинство, како што се финансиски средства, недвижен имот, возила, накит и други вредни предмети.