На социјалните мрежи се појави видео од паркинг во Мумбај кои покажуваат што може да се случи кога градежниците не ја завршат својата работа како што треба…
На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи се гледа како еден автомобил буквално тоне вертикално во дупка во асфалтот се додека не потоне целосно!
Имено, ова се случило затоа што на паркингот претходно имало бунар, стар скоро 100 години, кој потоа бил покриен со тенок слој од бетон со цел да се направи паркинг простор за жителите.
Неодамнешните обилни дождови и големата количина на вода што ја натопила земјата на некои места го оштетила асфалтот, па така и оваа веќе постоечка дупка се отворила и го проголтала автомобилот. За среќа, во моментот на „потонувањето“ на возилото, во него немало никој.
Извор: slobodenpecat.mk
“I thought I parked it right here.” pic.twitter.com/pgC8Qc7xJW
— Rex ChapmanZanimljivosti
- Маск: На човештвото ќе му требаат милион години за да го колонизира Млечниот Пат
Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови Спејс Икс (Space X) Илон Маск сугерираше дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат.
- Измените стапуваат на сила: Сите такси возила во Белград од денеска мора да бидат бели
Од денеска, 8 мај, сите такси возила во Белград мора да бидат бели.
- Кој ги плаќа влезниците за Мет Галата? Оваа година еден билет чинел 75.000 долари...
Мет Галата е окарактеризирана како најважен моден настан во годината, а иако малкумина добиваат покана, мора да платат и висока цена за влез, кој годинава изнесувал 75.000 долари.
- Изгледа едноставно, но не е баш така: Ако знаете точно колку триаголници има, вашиот коефициент на интелигенција е над 120
Изгледа едноставно на прв поглед бидејќи треба само да се избројат триаголниците на сликата. Но, постојат неколку скриени загатки што збуниле неколку корисници на интернет.
- Повеќето возачи не успеваат да одговорат на овие 5 основни теориски прашања – можете ли вие?
88% од возачите не одговориле точно!
- Маск има нов план: Сака да го урне „Јутјуб“
Илон Маск откри дека нов формат на видеосодржина доаѓа набргу на платформата X.