Околу 150 илјади граѓани коишто изразиле интерес за вакцинација до 15 јули ќе добијат термин за имунизација - најави министерот за здравство, Венко Филипче, кој вели дека попладне ќе пристигнат 100.000 дози од вакцината на „Фајзер“, а наредните денови и 500.000 од кинески „Синовак“, со што ќе се обезбедат вакцини за 300.000 граѓани.
Планот е имунизацијата со вакцините на ’Фајзер‘ да се реализира во големите центри за имунизација каде што има фрижидери со потребната температура на чување, а вакцините на ’Синовак‘ ќе ги има и во другите здравствени домови, зашто полесно се даваат. Претстојниот период ќе се вакцинираат и наставниците и вработените во училиштата кои досега не примиле вакцина. Откако ќе се вакцинираат оние што се пријавени, пунктовите ќе останат отворени за вакцинација на граѓаните.
извор: dw.com.mk