Македонската кошаркарска федерација во периодот од 27. јули до 6. август ќе биде организатор на Европско Првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години. На ова првенство, кое ќе се одигра в Скопје, учество ќе земат 24 репрезентации од Европа кои се натпреваруваат во вториот ранг на континенталниот собир за јуниори.
МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација.
Отворени позиции:
- Одговорни лица за репрезентации (23 позиции)
- Одговорни лица за хотел (10 позиции)
- Најавувач на натпревар во спортска сала (3 позиции)
- DJ во спортска сала (5 позиции); музиката и опремата е обезбедена од МКФ
- Лице за одржување на терен во спортска сала за време на натпревари (5 позиции)
Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака „За конкурс за ЕП во Скопје“.
Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.
Рокот за пријавување е до 27. јуни.
извор: факултети.мк
КОНКУРС од МКФ: Отворени се 46 позиции
Featured jobs
-
Soul Kitchen - Lounge Bar & Restaurant вработува на 6 позиции!
Аплицирајте!
-
TASKFORCE вработува во Прилеп и Штип!
Аплицирајте!
-
Германската групација Kessler вработува во фабриката во Македонија
слободни викенди, работа во две смени обезбеден оброк и превоз приватно здравствено осигурување
-
Почетна плата: 25.000 денари + бонуси - Lush Македонија ВРАБОТУВА
Аплицирајте
-
Огласи за вработување во Фабрика „Карпош“ - вработуваме во Скопје и Куманово
Аплицирајте!
-
ЕУРО ТАБАК вработува во Скопје, Тетово, Гостивар и Југоисточен регион
- кандидати со минимум ССС