Причината за високите сметки за струја во изминатиот месец што пријавија дел од граѓаните низ земјава е несоодветното отчитување на броилата, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, кој присуствуваше на собраниската Комисија за економски прашања на која трет ден се разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ за 2022 година.
Според него, РКЕ посредувала во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи сметки.
Граѓаните да си го отчитаат броилото и состојбата да ја пријават. ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување, информираат од РКЕ.
Дел од граѓаните се пожалија дека сметките за електрична енергија во јануари им биле многу повисоки од очекуваните 9, 48 проценти зголемување.
извор: lokalno.mk