Студентите во трите студентски дома во Скопје, ќе може со помош на својата студентска картичка да рециклираат пластика, а за таа цел во домовите распоредени се шест машини за рециклирање.
Директорот на Државниот студенстски дом „Скопје“, Виктор Велевски, денеска презентираше како се користат вендинг-машините.
Со покажување на картичката студентот, става шише во отворорт, а во зависност од неговата големина, на неговата сметка се префрлаат 0,5, денар или 1,5 денари.
Со таа картичка довбиваат и попусти во студентското бифе.
Шесте машини кои се купени за спроведување на проектот „Студентите рециклираат“, се распоредени во домовите, и тоа во „Гоце Делчев“ ќе има четири, во секоја зграда по една, а во „Кузман Јосифовски – Питу“ и во „Стив Наумов“ по една.
Проекцијата е дека за 3,5 години ќе се врати целата инвестиција која чини осум милиони денари.
Парите се обебедени од студентскиот дом. Директорот изрази надеж за проширување на мрежата во сите студентски домови низ републиката.