Начините на плаќање го следат развојот на технологијата, а јасно видлив тренд во моментов е сè почестото потпирање на биометриката како начин за идентификување на корисниците.
Биометриката не е непозната во ИТ светот. Едноставно кажано, тоа е практично начин на верификација преку физичките карактеристики на луѓето. Веќе нашироко се користи при ракување со мобилни телефони – преку отпечатоци или скенирање на лицето – а сега неговата употреба се проширува и на полето на финансиските активности.
Првиот пилот проект во Бразил
Како што изјавија за Bloomberg Adria, нивната програма Mastercard Biometric Checkout поставува насоки за да се овозможи безбедно и непречено искуство со биометриско плаќање во која било продавница, каса или киоск.
Пазар од повеќе милијарди долари
На глобално ниво, 74 отсто од потрошувачите имаат позитивен став кон биометриската технологија, а пазарот за бесконтактна биометриска технологија се очекува да достигне 18,6 милијарди долари до 2026 година, соопшти Mastercard.
Првиот пилот проект веќе беше лансиран во средината на мај во Бразил со Payface во пет супермаркети „Сен Марке“ во Сао Паоло (Бразил).
Корисничко искуство
При биометриско плаќање, на корисникот на картичката не му е потребен никаков дополнителен уред или апликација. Тој ќе ги регистрира своите податоци кај трговецот – или во продавницата или преку апликацијата на трговецот, или преку давателот на биометриски решенија.
Големи се и предностите за трговците со ваквиот начин на плаќање од аспект на пократко време на трансакции и пократки редици, до поголема хигиена и зголемена безбедност.
извор: biznisinfo.mk