Македонецот Мартин Саздов стана светски првак во Дота 2, заедно со тимот освои 8,5 милиони долари
Homepage
›
News
›
Aktualno
›
Македонецот Мартин Саздов стана светски првак во...
27-годишниот Мартин Саздов - Сакса од Свети Николе е еден од најпознатите македонски е-спорт играчи, а неодамна заедно со неговиот тим „Tundra Esports“ успеа да го освои трофејот на Светското првенство во Дота 2.
Светското првенство се одржа во Сингапур, а тимот ја освои титулата, победувајќи го „Team Secret“ со резултат 3-0 во финалето кое се одржа вчера, на 30-ти октомври.
Светското првенство во Дота 2, познато и како „The International“ има неверојатен фонд за награди, а оваа година истиот изнесуваше речиси 19 милиони долари. Светскиот првак, во овој случај „Tundra Esports“ добива 8,5 милиони долари, а според проценките, Мартин од овој турнир заработил 1.765.000 долари, што е негова најголема заработка од 2015 година.
Ова е најголем успех за најдобриот македонски играч во Дота 2, но и досега најголемото достигнување на било кој македонски е-спортист.
Редовното консумирање овошје и зеленчук е научно поврзано со намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести. Доколку не го јадете премногу често, време е да започнете, особено она што го препорачуваат кардиолозите.
Исто како што многу луѓе користат едноставни лозинки или исти лозинки за бројни онлајн профили бидејќи не можат да ги запомнат сите, луѓето често користат едноставни PIN-ови за да ги заштитат своите телефони, банкарски картички, сметки и друго.