Иако обично се обидуваме да ги избегнеме стресот и ситуациите кои можат да нѐ налутат, експертите дојдоа до интересно откритие.
Имено, лутењето барем половина час дневно не само што е корисно затоа што го ублажува стресот, туку и ја подобрува кардиоваскуларната и респираторната активност.
Taка тврдат истражувачите од Универзитетот во Мексико, според чие мислење, лутењето половина час дневно може да биде добро за здравјето на луѓето, особено за мозокот. Но, зошто е така?
Кога се лутиме, постои неврохемиски импулс кој ги стимулира мозочните бранови. Кога нервниот систем се напрега, се забрзуваат чукањето на срцето и дишењето. Исто така, за време на фазата на лутина има зголемено производство на допамин, хормон кој го стимулира мозокот и произведува еден вид возбуда во невроните, но и норепинефрин, хормон кој ги зголемува крвниот притисок и отчукувањата на срцето.
Гневот го активира нашиот мозок, како и некои од нашите внатрешни органи, па не е толку лош како што мислиме.
Сепак, научниците објаснуваат дека умереноста е многу важна во овој случај, а според нивното мислење, не треба да се лутиме повеќе од 30 минути дневно. Во спротивно, може да се јави контраефект и да има штетно влијание врз нашето здравје.
На пример, во ситуации кога има гнев или каков било вид возбуда, телото произведува кортизол, познат и како хормон на стрес, кој има многу негативни последици доколку се претера.
Лутењето половина час дневно е добро за здравјето
Zanimljivosti
-
Маск: На човештвото ќе му требаат милион години за да го колонизира Млечниот Пат
Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови Спејс Икс (Space X) Илон Маск сугерираше дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат.
-
Измените стапуваат на сила: Сите такси возила во Белград од денеска мора да бидат бели
Од денеска, 8 мај, сите такси возила во Белград мора да бидат бели.
-
Кој ги плаќа влезниците за Мет Галата? Оваа година еден билет чинел 75.000 долари...
Мет Галата е окарактеризирана како најважен моден настан во годината, а иако малкумина добиваат покана, мора да платат и висока цена за влез, кој годинава изнесувал 75.000 долари.
-
Изгледа едноставно, но не е баш така: Ако знаете точно колку триаголници има, вашиот коефициент на интелигенција е над 120
Изгледа едноставно на прв поглед бидејќи треба само да се избројат триаголниците на сликата. Но, постојат неколку скриени загатки што збуниле неколку корисници на интернет.
-
Повеќето возачи не успеваат да одговорат на овие 5 основни теориски прашања – можете ли вие?
88% од возачите не одговориле точно!
-
Маск има нов план: Сака да го урне „Јутјуб“
Илон Маск откри дека нов формат на видеосодржина доаѓа набргу на платформата X.