Од секогаш слушаме колку е важно да штедиме, но многу луѓе имаат недоумица околу тоа како да заштедат и кој е најдобриот начин за чување на пари.
Советите на стручњаците се да не купувате импулсивно, однапред да пресметате и да чувате секогаш на страна барем мала сума пари. Така со текот на времето ќе развиете навика за штедење.
Штедењето нуди бројни придобивки: можеме да постигнеме сè што сакаме или планираме за иднината, безбедни сме кога ќе се најдеме во непредвидени и ненадејни ситуации кои подразбираат дополнителни трошоци, а дополнително, одвојувањето пари на страна може да ни обезбеди заработка.
Заборавете на криењето пари сами од себе, под душекот, во фиоки или на различни места кои ги сметате за безбедни. Експертите препорачуваат да ги чувате парите во банка не само затоа што таму се најбезбедни, туку и затоа што ви даваат можност да заработите благодарение на каматата.
При изборот на банка, постојат различни критериуми според кои луѓето се водат. Некои ја избираат онаа што има исклучително распространета мрежа на филијали и банкомати, други се грижат само за каматата, додека искусните избираат сигурна и стабилна банка. Експертите велат дека најважно е да се соберат сите информации за услугите што се нудат на пазарот, по што се прави скратен список.
Zanimljivosti
Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови Спејс Икс (Space X) Илон Маск сугерираше дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат. Од денеска, 8 мај, сите такси возила во Белград мора да бидат бели. Мет Галата е окарактеризирана како најважен моден настан во годината, а иако малкумина добиваат покана, мора да платат и висока цена за влез, кој годинава изнесувал 75.000 долари. Изгледа едноставно на прв поглед бидејќи треба само да се избројат триаголниците на сликата. Но, постојат неколку скриени загатки што збуниле неколку корисници на интернет. 88% од возачите не одговориле точно! Илон Маск откри дека нов формат на видеосодржина доаѓа набргу на платформата X.