Вековната политика на авиокомпанијата од Сингапур бидејќи земјата нема никакви закони против дискриминација
"Летањето беше мое прво работно искуство, па не знаев како е во другите индустрии. Не размислував дали брзо ќе ме заменат", вака ја започнува својата приказна стјуардесата од Сингапур ерлајнс (СИА) Клара Фу за британскиот Би-Би-Си.
Кога забременила, знаела дека ќе мора да престане да работи, бидејќи авиокомпанијата бара од вработените да дадат отказ на крајот од првиот триместар.
Би можело да ве интересира: Како да добиете социјален стан и помош од државата во Германија?
По породувањето се вратила на работа, но по некое време дознала дека е повторно бремена и овој пат, како што раскажува за Би-Би-Си, како единствен хранител во семејството, решила да ја сокрие бременоста. Затоа што едноставно не можела да си дозволи да ја напушти работата.
Таа успеала да ја крие бременоста цели пет месеци, додека еден патник не го забележал нејзиниот труднички стомак.
- Беше тешко. Успеав да ја чувам бременоста во тајност невообичаено долго - вели Фу.
Вековната политика на Сингапур ерлајнс (СИА) опстојувала бидејќи земјата нема никакви закони против дискриминација. Сепак, компанијата морала да се откаже од овој начин на работење во јули поради недостаток на персонал, со кој се соочија авиокомпаниите ширум светот за време на пандемијата.
Според новите правила, стјуардесите кои ќе забременат може да побараат од компанијата да бидат префрлени на друга позиција и да се вратат на летање по породувањето.
- На квалификуваниот кабински персонал, кој аплицирал за позиции „на земја“, досега компанијата им има понудено позиции кои одговараат на нивната стручност. Овие работни места вклучуваат административна поддршка во нашиот оддел за кабински екипаж - велат од компанијата.
„Тие знаеја за што се пријавуваат“
Многу стјуардеси објаснуваат дека „знаеле за што се пријавуваат“ кога биле вработени во Сингапур ерлајнс, згора на тоа во 1980-тите се сметало за привилегија да се биде стјуардеса на СИА.
- Бременоста не беше опција. Никој не правеше врева, бидејќи сите знаеја. Или ќе го жртвувате семејството или кариерата – изјавила Елизабет Лав.
Во извештајот на Сингапурската академија за корпоративен менаџмент се вели дека „угледот на авиокомпанијата и престижот на работата и овозможиле на компанијата да биде многу селективна во процесот на регрутирање“.
Дискриминација и сексизам
Здружението на жени за акција и истражување на Сингапур зборуваше против оваа практика повеќе од една деценија. Групата соопшти дека добила поплаки од стјуардесите кои биле принудени да дадат отказ.
- Тоа што СИА го бараше од своите вработени е апсолутно неприфатливо, дискриминаторски и сексистички - вели директорката на здружението.
- И да е легално на некој начин, практиката се коси со духот на законот за заштита на мајчинството за да им се овозможи на мајките да ја продолжат својата кариера и да заработат за живот - додава таа.
За време на бременоста, на кабинскиот персонал во компаниите „ British Airways", "Qatar Airways" и "Qantas"им се нуди работа од земја.