Најстарата личност на светот, француската калуѓерка сестра Андре, почина на 118-годишна возраст.
Нејзиниот пензионерски дом ја потврди веста во вторникот, објави Ројтерс.
Родена како Лусил Рендон во 1904 година, една деценија пред почетокот на Првата светска војна, таа го добила името Сестра Андре кога се приклучила на Католичкиот добротворен ред во 1944 година, една година пред крајот на Втората светска војна.
Би можело да ве интересира: Невработени може да завршат средно стручно образование преку „Втора шанса“
Преживеа две глобални здравствени кризи – шпанскиот грип од 1918 година и, во последниве години, Ковид-19.
Кога го прослави својот 117 роденден во февруари 2021 година, сестра Андре рече дека не е загрижена за смртта.
– Не, не се плашев затоа што не се плашев да умрам – ја коментираше ситуацијата со Ковид.
Тој роденден беше одбележан со торта и молитва.
– Ги запознав сите оние што ги сакав и му благодарам на Бога што ми ги даде. Фала му на Бога – рече таа.
Таа беше најстарата жива личност во светот според Светската листа на суперстогодишници на Геронтолошката истражувачка група,пренесе Блиц.рс.