Макети од iPhone 15 серијата ги прикажуваат главните визуелни промени
Оваа есен, Apple ќе ја претстави iPhone 15,серијата на паметни телефони, кои ќе донесат некои значајни промени, а една од нив ќе биде префрлувањето на USB-C порт.. Веќе има многу гласини за очекуваните иновации кај идните уреди, а во меѓувреме се појавија и фотографии од макети кои ни даваат поглед на дизајнот.
Фотографиите доаѓаат од јужнокорејскиот блог yeux1122, а меѓу нив е и споредбата со iPhone 14 Pro, која ни помага подобро да ги видиме промените. Сите модели оваа година се очекува да понудат Dynamic Island, така што нема да биде ексклузивен за поскапите Pro модели. Сепак, тие ќе продолжат да имаат потенки рамки околу дисплејот.
Споредбата на iPhone 15 Pro и 14 Pro покажува дека новиот уред ќе има позаоблена странична рамка, а исто така ќе го отфрли слајдерот за исклучување на звукот и ќе го замени со Action копче со опција за програмирање на функцијата.
Металната рамка се чини дека има мат текстура наместо сјајна, што се поврзува со очекуваниот премин на легура на титаниум. Главната камера не штрчи многу над телото, но веројатно тоа е поради зголемената дебелина на телефонот. Забележливо е и префрлањето од Lightning на USB-C приклучок, што ќе се случи кај сите четири модели од серијата.