„Читам во групава дека се жалите дека некои одат на работа. Дека не се дома. Дека се користат работниците во ова време. Е па еве да знаете дека и ние во банките работиме, ова го пишувам од работа. За да можете вие дами да имате пари, да можете да плаќате онлајн, да можете да функционирате. Пред да ме нападнете, знајте дека ова е вонредна состојба не за сите да не одат на работа, туку за да може владата да донесува итни мерки со кои ќе се спречи ширењето на вирусот. Доста кревате паника, доста чистите рафтови. Социјално дистанцирање, воздржете се од гости итн. Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ало луѓе ова ќе помине, после како ќе преживеете!! Доста веќе кукате. Не сте само вие во маркети и аптеки на работа, сите институции работат, луѓе од дома работат. Доста само леле фризерки работеле леле ова работело. А што да прават ако само тоа им е извор на егзистенција? Да гладуваат? Смирете се ве молам смирете се.“
Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ова ќе помине, после како ќе преживеете!! - Статус на вработена во банка
News
-
Ни следува уште еден продолжен викенд
Во мај повеќе се одмара отколу што се работи
-
Работодавaчи, пишувајте ја платата: Оглас без плата е исто како производ без цена
Што еден оглас треба да содржи за да биде атрактивен? Кои елементи треба или не треба да ги има за да ги натера работобарателите да го испратат своето CV? Одговорот се крие во резултатите од нашата најнова анкета.
-
Научниците открија нова функција на малиот мозок
Иако малиот мозок сочинува само 10 проценти од вкупната маса на мозокот, повеќе од три четвртини од мозочните неврони се спакувани во него.
-
Овошје што едвај чекаме да го видиме на пазарите, а годинава ќе останеме желни за него: „Ќе биде прескапо, бидејќи го нема“
Се проценува дека речиси 30 отсто од плодовите угинале поради пролетниот мраз.
-
Летото наближува, клима-уредот постојано лади – еве како да заштедите на електрична енергија
Со наближувањето на летните месеци и порастот на температурите, потребата за користење на клима-уредите се зголемува.
-
Маск: На човештвото ќе му требаат милион години за да го колонизира Млечниот Пат
Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови Спејс Икс (Space X) Илон Маск сугерираше дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат.