Според препораката на Владата објавена по последната нејзина седница, од петок, 24 април, банките треба да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Владата исто така го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април.
Им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
- Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
- Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
- Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.