Управата за јавни приходи, почна да испраќа опомени за неисплатени феруарски плати до фирмите.До 23 март, вкупно 11.758 работодавачи, не ја исплатиле февруарската плата стои во информацијата која „Слободен печат“ ја доби од УЈП.
-Согласно евиденцијата на УЈП со состојба од 23 март, бројот на неплатени пресметки по основ на МПИН за месец 02/2021, има вкупно 11.758 работодавачи, кои во законскиот предвидениот рок не го платиле доспеаниот долг по основ на платата. Работодавачите кои не го исплатиле својот долг по основ на МПИН за февруари во законски предвидениот рок, односно до 15 ти март 2021 година , од страна на УЈП се генерирани опомени и се во тек на достава до должниците – информираат од УЈП.