Vrabotuvanje.com - Финансов менаџер - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Финансов менаџер

Скопје

Rok prijave:

Ние во Алма-М веќе 32-ра година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Објавува оглас за следната работна позиција

ФИНАНСОВ МЕНАЏЕР

 
Датум на објава: 19 Април 2024
Рок за пријавување до 8 Мај 2024
Број на оглас: О-240419-АД-ФМ
Сектор: Финансии
Локација: СКОПЈЕ
 
Алма-М во моментов е во потрага по високо мотивирана личност која би се придружила на нашиот менаџмент тим, личност која ќе обезбеди постојан раст и развој на тимот со кој ќе раководи. Доколку размислувате за вашиот следен голем потег, оваа можност ќе ви обезбеди да ги постигнете Вашите аспирации.

Клучни одговорности:

  • Финансиски насоки и советување на менаџментот за реализирање на бизнис цели на компанија,
  • Се грижи деловните стратегии да се идентификуваат и да се извршуваат низ финансиски процеси, како и да иницира, развива и води проекти за поддршка на стратешки приоритети на компанијата од аспект на финансии,
  • Финансиска евалуација на сите поголеми бизнис одлуки,
  • Финансиска контрола на бизнис процеси и процеси за менаџирање на ризици,
  • Изготвување на финансиски извештаи според соодветни сметководствени стандарди и компанискиот систем на известување, навремено и на најпрофесионален начин,
  • Спроведување на даночна политика на компанијата согласно законските правилници и навремено пријавување на сите видови даноци,
  • Менаџирање и развивање на тим со високи перформанси, преку постојан развој на ангажман, способност и талент на вработените во секторот.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено високо образование,
  • Одлично познавање на сметководство,
  • Поседување Лиценца за овластен сметководител,
  • Многу добро познавање и работа на Мајкрософт Ексел,
  • Добри организациски и менторски вештини,
  • Одлично активно познавање на англиски јазик,
  • Одлична комуникација и професионално однесување,
  • Динамична, проактивна и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Ефикасно управување со време,
  • Позитивен однос кон промени,

Потребно искуство:

  • Минимум 3 години претходно работно искуство на менаџерска позиција.

 


Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:

Работниците на оваа позиција имаат бенифициран стаж.
САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Рок во кој ќе се изврши изборот со интервјуирање – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
Ве молиме без телефонски јавувања

 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Ekonomija, financije i računovodstvo iznosi 28.521 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje