Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.
Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.
Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.
Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!
ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:
МОЛЕР/ГИПСАР
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование;
- Општи технички познавања;
- Познавање на материјалите, алатот;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Возачка дозвола Б категорија.
Опис на работата:
- Изведба на преградни ѕидови од гипскартон, глетување и молерај;
- Санација на ѕидови со стружење, глетување и молерај;
- Извршување на други технички работни задачи по потреба.
Дополнителни критериуми:
- Обврска за придржување кон безбедносните прописи и прописите поврзани со заштита при работа;
- Сериозен пристап кон зададените задачи;
- Подготвеност за работа под притисок и кратки рокови;
- Лојалност, доверливост, чесност, професионалност, ефикасност и флексибилност;
- Спремност за работа надвор од Скопје – без преспивање;
Што нудиме:
- мотивирачка атмосфера и плата по договор;
- полно работно време од пон-пет 07:30-15:30;
- колективно осигурување од несреќа;
- платени дополнителни часови прекувремено;
- годишен одмор;
- можност за напредување во кариера;
- избор на рачен алат по желба.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.