Vrabotuvanje.com - Оперативен менаџер - Скопје - Друштво за скенирање, обработка и складирање на документи КОНТЕГО ДОО Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Оперативен менаџер

Скопје

Rok prijave:

  • Друштво за скенирање, обработка и складирање на документи КОНТЕГО ДОО Скопје
  • Adresa: 1551, 1000 Визбегово


 

Контего ДОО Скопје е етаблиран архивски дата-центар основан во 2010 година, кој нуди квалитетни услуги и решеније во делот на архивирање и управување со деловни документи, било тие да се во физичка или во електронска форма.

Долгогодишното искуство и постојано усовршување, како и посветеноста кон потребите на клиентите, гарантира безбедно и ефикасно архивско работење и управување со вашите податоци и документи - од физичко складирање и управување со документите до дигитализација и нивно чување во облак.

Поради зголемен обем на работа вработуваме:
 

Оперативен менаџер

​Сектор: Операции и управување со продукти и услуги

Одговорности:

  • Учество во развој, имплементација и менаџмент на компаниската стратегија;
  • Учество во изборот и имплементација на нови технологии и целосно искористување на достапната технологија;
  • Идентификација и решавање на оперативни проблеми со користење на дефинирани процеси и експертиза;
  • Управување со деловните процеси во компанијата и развој на надворешните производи;
  • Востановување на метрички системи за мерење на ефикасноста на работењето; изготвување на планови, подобрување на ефикасноста на интерните процеси како би се гарантирала ефикасна комуникација, максимална продуктивност и ефикасно работење;
  • Учество во подготовка на анализи за остварените приходи од склучените договори со корисниците на услуги, подготовка на Правилници и процедури на оперативни активности;
  • Раководење со тим и грижа за развој на знаењата и потенцијалот на членовите на тимот; учествo во иницијативите за управување со знаењето, изготвување на планови и канали за стекнување на знаење и имплементирање на практики за пренесување на знаење;
  • Грижа за одржувањето на професионална комуникација со клиенти, потенцијални клиенти и добавувачи и каналите за меѓународно вмрежување.


Квалификации:

  • Високо образование – Економски факултет, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство, Електротехнички факултет
  • Силна лична ориентација кон ИТ-решенија и напредно познавање на ИКТ
  • Најмалку 5 години работно искуство на слична позиција стекнато во интернационална компанија
  • Одлични аналитички и организациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office пакет
  • Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми
  • Напредни способности за презентација, креативност и проактивност, доверливост, флексибилност
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови

​​Што нуди Контего?

  • Компетитивна плата плус можност за бонус
  • Приватно здравствено осигурување
  • Можност за професионално надоградување
  • Работно време 08ч - 16ч, од понеделник до петок

 

Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги преку Брзата апликација, со назнака на огласот за кој аплицирате.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Контего за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
IT, telekomunikacije iznosi 45.517 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje