Vrabotuvanje.com - Регионален менаџер за продажба - Источна Македонија - АЛМА - М ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Регионален менаџер за продажба

Источна Македонија

Rok prijave:

Ние во Алма-М веќе 32 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма - М објавува ОГЛАС за следната работна 

регионален менаџер ЗА ПРОДАЖБА ЗА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

 
Датум на објава: 26 Април 2024
Рок за пријавување до: 12 Мај 2024
Број на оглас: О-240426-МИ-РМП
Сектор: Продажба
Регион: ИСТОК
 

Работни задачи:
  • Коoрдинира и извршува продажба, дистрибуција и наплата,
  • Координира тим на агенти за продажба и техничари унапредувачи за продажба,
  • Планира продажба на месечно, квартално и годишно ниво,
  • Прави постојана анализа на продажба и пазарна структура,
  • Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба,
  • Подготовка на месечен/неделен рутинг план и повратно информира за реализација,
  • Блиска комуникација со менаџмент тим,
  • Проверки во продавници и нивно евидентирање и известување,
  • Преговара и потпишува годишни договори со клучни купувачи,
  • Контролира задолжена роба, средства за работа и прави попис кај секој Агент за продажба најмалку еднаш месечно,
  • Спроведува тренинзи со секој Агент за продажба од тимот со кој раководи,
  • Изготвува извештаи за продажба и анализа на пазар,
  • Разгледува и конфирмира неделни планови; неделни пресеци на должници; подготвува неделни состаноци,
  • други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Познавање на назначениот регион,
  • Познавање на англиски јазик

Потребно искуство:
  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција во менаџмент, или најмалку 5 години искуство во директна продажба на терен.

Работни услови:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
  • Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
     
 
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje