Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија.
Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.
За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.
Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим, те повикуваме да се пријавиш за следната позиција:
Тим лидери и Агенти за теренска продажба во МТЕЛ (региони: ОХРИД, БИТОЛА, ТЕТОВО и СТРУМИЦА)
Твоите одговорности се:
- Презентација и продажба на Мтел производи и услуги на сите постоечки и потенцијални нови корисници директно на терен
- Проактивност во продажба поради постигнување на продажни цели
- Давање на прецизни информации на корисникот за цени, производи и услуги
- Активно слушање на корисникот и разбирање на потребата на корисникот
- Едукација на корисникот за новите производи на компанијата
Она што е потребно за добар почеток е:
- Развиени продажни вештини
- Ориентираност на продажба и резултати
- Добра комуникација и тимска ориентација.
Ние ти нудиме:
- Флексибилна заработувачка (провизија за секоја продажба)
- Бенефиции за вработени за користење на нашите услуги
- Можност за кариерен развој
- Можност за вработување
- Искуство во најпрофитабилната дејност
- Стекнување на дополнителни вештини за работа
Каква личност бараме:
- Енергична си и позитивна личност;
- Во новите предизвици ја гледаш својата шанса;
- Поседуваш одлични комуникациски и презентерски особини;
- Личност спремна за работа на терен