Vrabotuvanje.com - Водител на смена во производство - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Водител на смена во производство

Скопје

Rok prijave:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


Доколку сакате да станете дел од тимот на една од водечките компании во Македонија со 100 години традиција, богато портофолио на производи и број еден позиција на пазарот Ви нудиме вистински предизвик да станете дел од семејството на Пивара Ад Скопје а воедно и дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken. Пивара Ад Скопје постојано го зголемува и надоградува својот тим и вработува:

Водител на смена во производство

 

ЗАДАЧИ:

  • Одговара за целокупната работа во смената, за исполнување на целите на производството со цел да обезбеди соодветни количини и квалитет на готов производ
  • Го следи процесот на производство (начин на производство, ефикасност, продуктивност, финален производ) и реагира соодветно за да обезбеди ефикасност и продуктивност
  • Врши преглед на завршени и тековни активности, одржува секојдневни состаноци со вработените, ги известува и советува вработените во врска со планот
  • Врши преглед на состојбата во интерниот магацин и организира снабдување на суровини и материјали врз основа на планот за производство за наредниот ден
  • Го контролира процесите и состојбите на линиите за производство, во сирупана и третман за вода
  • Составува сменски распоред на вработените и план за користење годишни одмори на оператори

БАРАМЕ:

  • ССП во областа на Прехранбени технологии, Електро-техника, Машинство или Автоматика, високо образование ќе се смета за предност
  • Работно искуство во производство
  • Познавање на MS Office и англиски јазик ќе се сметаат за предност

НУДИМЕ:

  • Првично вработување на определно со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
  • Платена сменаска работа и работа на празник.
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Обезбедеа обука за работа.
  • Обезбедува ХТЗ опрема.
  • Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден.
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
  • Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании.
  • Фит кит - бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје.


Доколку се пронаоѓате во бараниот профил и сакате да станете дел од ова семејство на Пивара Ад Скопје, Ве охрабруваме своите биографии да ги испратите на rabota@esi.mk и да ја наведете позицијата за која аплицирате.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk

 
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Proizvodnja i zanatske usluge iznosi 24.798 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje