Vrabotuvanje.com - Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток - Источна Македонија - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток

Источна Македонија

Rok prijave:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од групацијата Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија, и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од:

Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток

 

Работни задачи и одговорности:

  • Одржување на стабилноста и угледот на организацијата на секое ниво;
  • Заштита на сопственоста на компанијата преку 24 часовна комуникациска достапност при немили настани и други безбедносни проблеми;
  • Утврдување и пријавување на неправилности преку ревизија на работните формални и неформални процеси на компанијата;
  • Тековни проверки согласно работен план на регионалните канцеларии;
  • Проверки на исправноста на документите во друштвото, како и за усогласеноста со правилата за работа со документи во согласност со внатрешните правила на компанијата и законските норми;
  • Теренска работа и комуникација со надворешни лица, проверки на веродостојност на лични податоци;
  • Подготвување извештаи како и водење на евиденција за состојбата и работењето на подружниците;
  • Вонредни дополнителни проверки и контроли;
  • Учество во дополнителни работни процеси надвор од делокругот на основната дејност на работната позиција за потребите на компанијата;

Потребни квалификации:

  • Место на живеење во околината на градовите Кочани и Штип, ќе се смета за предност;
  • Задолжително поседување на важечка возачка дозвола Б категорија;
  • Завршено образование во областа, ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство во областа, ќе се смета за предност;
  • Способност за запазување на детали и рокови;
  • Доверба, одговорност и дисциплина во работењето;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа;

Што нудиме:

  • Компетитивна плата.
  • Можност за дополнителни бонуси по проценка на Работодавецот, надвор од она што е наведено во Договорот за вработување, за извршени задачи со висок степен на ефективност во полза на Друштвото.
  • Дополнителен надоместок за амортизација за употреба на сопствено возило или доделување на службено возило за потребите за извршување на работните задачи.
  • Приватно здравствено осигурување.
  • Редовни внатрешни и надворешни можности за обука.
  • Динамична и одговорна работа во компанија со постојан раст.
  • Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.
  • Учество во општествено одговорни активности.


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje