Vrabotuvanje.com - Оператор за чистење на системи за вентилација и климатизација - Скопје - Екодим
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Оператор за чистење на системи за вентилација и климатизација

Скопје

Rok prijave:

  • Екодим

За нас:

ЕКОДИМ ДОО Скопје, како единствена членка на Европската асоцијација за хигиена за вентилација (EVHA), е специјализирана за професионални услуги за чистење на сува и мрсна вентилација, системи за климатизација, топлоизменувачи, чилери и слично, чистење на разни површини со употреба на најсовремена машина со сув мраз, чистење на фотоволтаични модули со помош на робот и др. Посветени сме на создавање здравa, енергетски ефикасна и чиста работна средина за постигнување на еколошка одржливост.

ЕКОДИМ ДОО Скопје - Приклучи се на нашиот тим!

Оператор за чистење на системи за вентилација и климатизација

Локација: Скопје, Северна Македонија

Вашата работа вклучува:

  • Изведување на механичко чистење на системите за вентилација и климатизација со помош на специјална опрема за чистење
  • Чистење на системите на хауби, кујнски канали и мотори по високи стандарди и на задоволство на клиентот, вклучувајќи планирање и подготовка на работната површина од страна на лидерот на тимот
  • Способност за работа на височини и во ограничени простори
  • Работење со соодветна роботска опрема според однапред дадени инструкции
  • Работење со рачен алат и опрема
  • Флексибилно работење
  • Патување на различни локации во Македонија
  • Градење на позитивни релации со клиентите и колегите
  • Извршување на останати активности и задачи

Компанијатa ви нуди:

  • Конкурентна плата
  • Во зависност од вашиот интерес на стекнување на нови вештини имате можност за побрз напредок
  • Можност за месечни бонуси
  • Можност да заработите повеќе преку прекувремена работа
  • Обезбедување на комплетна лична заштитна опрема и облека
  • Платено колективно осигурување
  • Други индивидуални бенефиции

Потребни квалификации:

  • ССС
  • Пожелно, но не и неопходно, претходно работно искуство во чистење системи за вентилација и климатизација
  • Познавање на работа со рачен алат
  • Способност за работа со рокови
  • Подготвеност за самостојна работа како и работа во тим
  • Возачка дозвола минимум Б категорија

  
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV преку полето Брза Апликација

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Instalacije, održavanje i popravci iznosi 24.722 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje