HR days 2021. – Нови спомени во позната средина!

HR days 2021. – Нови спомени во позната средина!

01. 06. 2021.

Пресреќни сме што ќе се дружиме во живо!

Драги HR колеги, со задоволство ве информираме дека нашиот партнер МојPosao -  првиот и водечки портал за вработување во Хрватска, повторно ќе биде домаќин на една од неизбежните и омилени дестинации на HR професионалците од Хрватска и светот, конференцијата HR days, која ќе се одржи во преубавиот Ровињ.

Овогодинешната конференција ќе се одржи на крајот од летото, во познато опкружување, на 22 и 23 септември 2021 година.

Покрај дружењето и размената на искуства со колегите од оваа професија, на конференцијата уште еднаш ќе бидат прикажани интересни предавања од врвни предавачи од Хрватска и странство, практични работилници и тркалезни маси на секогаш актуелни теми од разновидниот HR свет.

За сите компании и поединци од регионот, кои не се во можност да патуваат во Ровињ и да ја следат конференцијата во живо, постои можност виртуелно да ја следат конференцијата.

Придружете се на најголемата регионална конференција посветена на управување со човечки ресурси и започнете да создавате нови и попозитивни спомени!

Се гледаме на есен во Ровињ или пред малите екрани!

ПРИЈАВИ СЕ