Паркирање во Охрид во премиум-зона ќе чини 100 денари

Паркирање во Охрид во премиум-зона ќе чини 100 денари

02. 06. 2021.

Јавното претпријатие Билјанини извори започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот

Јавното претпријатие Билјанини извори започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

“Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. премиум-зона во строгиот центар на градот чини сто денари за час. Сезонската тарифа на паркирањето трае до први септември“, соопштија од ЈП Билјанини извори.

извор: biznisinfo.mk