Природен прираст: Најстари се мајките во Скопје кои првото дете го раѓаат на просек 30,6 години

Природен прираст: Најстари се мајките во Скопје кои првото дете го раѓаат на просек 30,6 години

01. 07. 2021.

Заводот за статистика денес излезе со соопштение во кое се анализира наталитетот, морталитетот како и миграциите во земјава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република  Македонија, во градските подрачја живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години, а 28.4 години воселските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 година, а во селскитеподрачја 25.9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.2 години.

Најстари се мајките во Скопје кои првото дете го раѓаат на просек 30,6 години

Во градските подрачја умреле 15 948 лица или 61.9 %, а 9 807 лица или 38.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28.5 %, а најмало Вардарскиот Регион со 8.1 %. Во градските подрачја има 64 умрени доенчиња, додека во селските подрачја 44.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 година, а во селските 73.6 години.

Природниот прираст е негативен и изнесува -4 690 лица во градските подрачја и -2 034 лица во селските подрачја.

Само Скопскиот Регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.

Податоците пак  за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.6 % имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8.7 %.Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 50.9 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.2 %.Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 785 лица, а најмало во Југoисточниот Регион, односно -129 лица.

Извор.ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА