Министерството за животна средина стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот
Актуелно

Министерството за животна средина стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот

17. 12. 2025.

Граѓаните од денес имаат поедноставен и понапреден пристап до податоците за квалитетот на воздухот преку новиот веб портал на Министерството за животна средина.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk.

– Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 4 јули 2025 година. Веб страната има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминувања на граничните вредности во тековната година како и годишни анализи за претходни години, посочуваат од Министерството.

Исто така, како што додаваат од МЖСПП, пуштена е и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитетот на воздухот за Андроид и iOS чии што линкови за преземање може да се најдат на веб страницата.

Извор: skopjeinfo.mk