„Дачија“ ќе го претстави најновиот автомобил со називот „Џогер“

„Дачија“ ќе го претстави најновиот автомобил со називот „Џогер“

01. 09. 2021.

Романскиот автомобилски бренд „Дачија“ на 3-ти септември во живо на Интернет ќе го претстави најновиот автомобил со називот „Џогер“.

Се работи за семеен теренес со пет или седум седишта, а најавите велат дека ова е „голем автомобил со кратко име“

„Дачија џогер“ потоа ќе биде целосно претставен и на 6 септември, на Меѓународниот саем за автомобили во Минхен, Германија.