Алкалоид ВРАБОТУВА Стручно-комерцијални претставници

Алкалоид ВРАБОТУВА Стручно-комерцијални претставници

03. 12. 2021.

Приклучете се во НАШИОТ ТИМ!

Зошто АЛКАЛОИД? Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот, која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и континуиран успех. Постојано инвестираме во својот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÉ!

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. Друштвото брои 1.860 вработени во земјата и 560 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

„Алкалоид“ АД има две подружници во земјава, 18 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД и Велика Британија). 

Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, која се грижи за своите вработени, и доколку ги поседувате подребните квалификации за оваа позиција, Ве очекуваме:

Стручно - комерцијални претставници 

 

  • Можност за кариерен развој
  • Компетитивни месечни приходи 
  • Дополнителни награди и бенефити во зависност од остварените цели