Велат дека постојано се на терен, постапуваат по пријави, се со цел да се намалат нападите од бездомни кучиња, а истите хумано да се третираат. Во моментов имаат таргетирано околу 90 кучиња-скитници на 20 локации низ Скопје, за кои ќе се погрижат во наредниот период.
Стационарот денеска ги отвори портите за дружба на граѓаните, дворот се развесели од детска игра и дружба со растрчаните кучиња. Тие воедно спроведоа и акција за подигање на свест за благосостојбата на животните како и донаторска акција за подобри услови. Дел од кучињата се достапни и за посвојување, па се надеваат дека некои од нив ќе го најдат и својот дом.
Навистина е нешто благородно, не исполнува секој ден тука кога знаеме дека правиме хумано дело, ги спасуваме од улица, им даваме подобар живот и настојуваме и работиме да најдат подобар дом, велат од Лајка.
Бошко е едно од среќните кутриња кои меѓу посетителите си го најде своето семејство и новиот дом.
Во моментов во Лајка има над 100 кучиња, од кои 50 се подготвени за вдомување, додека пак, целта за оваа година е да истретираат околу 2500 кучиња, што според нив е околу 80% од бездомните кучиња.
извор: kanal5.com.mk

.jpg)