„Во Бугарија, по серија мерки за олабавување, време е да се направи следниот чекор кон животот каков што го знаевме пред март 2020 година. Многу земји веќе го направија тоа“, изјави министерката за здравство.
„Многу луѓе имаат пост-Ковид симптоми веќе со месеци, многу индустрии се погодени. Околу 100 милиони луѓе ги загубија своите работни места за време на пандемијата. Тоа се одрази и на образовниот систем“, додаде министерката за здравство.
Мерките во врска со функционирањето на здравствениот систем остануваат на сила во период од три месеци по 1 април.
Министерката за здравство на Бугарија најави дека следењето на развојот на ширењето на заразата ќе трае најмалку еден месец.
извор: slobodnaevropa.mk

