Аmazon Style во голема мерка се потпира на технологијата. На купувачите им овозможува да ја користат Amazon Shopping апликацијата за испраќање на парчињата кои им се допаѓаат во гардеробата. Може да користат екран за пребарување и оценка на понудените парчиња, да пребаруваат во големина и стилови, кои вработените им ги доставуваат.
Купувачите исто така можат да скенираат QR код со повеќе детали за продуктот, а им дава и опција да ги испратат на касата за наплата без да се шетаат по продавницата. Овде се нудат брендови од Келвин Клајн, Левис и Лакосте.
извор: inovativnost.mk

