15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворени само 38 паркинг места

15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворени само 38 паркинг места

01. 08. 2022.

Наместо да се решава проблемот со паркирање во Градот Скопје, главниот град од година во година се соочува со поголем проблем поради хаосот во паркирањето.

Градската администрација и јавното претпријатие „Градски паркинг“ се насочени кон издавање на нови бесплатни дозволи за паркирање, но не и кон изградба и инвестирање во монтажни гаражи, катни гаражи и други јавни површини кои би можеле да се пренаменат во паркинзи.

Од јавно достапните податоци објавени од ЈП „Градски паркинг“-Скопје може да се забележи дека во 2021 година биле издадени рекорден број на бесплатни дозволи за паркирање на категоријата „станари“ – дури 139.819. Во споредба со 2020 година, лани бројот на овие бесплатни дозволи е зголемен за над 15.000. Наспроти ова, јавното претпријатие во 2021 година успеало да пушти во употреба само 38 нови места за паркирање.

Целата содржина прочитајте ја на meta.mk