Како што информираат од општината, следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром, кој работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември носи пакет на мерки за штедење на електрична енергија со кои се очекува драстично намалување на потрошувачката на електрична енергија.
– Престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешно осветлување, осветлувањето во парковите на територија на општина Аеродром, ќе работат редуцирано, односно ќе светат преку една сијалица, а целосно ќе се гасат во 1 часот по полноќ, уличното осветлување на сервисните улици со кое стопанисува општина Аеродром, ќе биде редуцирано, односно ќе свети преку една сијалица и ќе се гаси 2 часа порано, од вообичаеното и рефлекторите на спортските игралишта престануваат со работа од 1 октомври, стои во соопштението од општината.
