Денешната Југославија би зафатила површина од 255.880 километри квадратни и нејзината големина би била колку денешна Велика Британија или Габон.
Во денешна Југославија, БДП-то би изнесувало 232.62 милијарди долари, а тоа значи дека би била богата колку Перу или Казахстан.
Главен град на денешна Југославија би бил Белград, а вкупната популација на целата држава би изнесувала над 21 милиони луѓе. Според бројот на жители, Југославија би наликувала на денешна Шри Ланка или на Нигер.
Кога станува збор за воена моќ, денешна Југославија би била на 27-то место на листата на светските сили, односно би наликувала на денешна Грција или Виетнам.

