БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ за 6 и 7 јануари - Проверете на кои локации

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ за 6 и 7 јануари - Проверете на кои локации

05. 01. 2023.

Дел од јавните паркинзи во Скопје без наплата за божиќните празници

За време на божиќните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите, информираат од ЈП Градски паркинг – Скопје.

Би можело да ве интересира: ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈСП: Промени во регуларниот возен ред на 6 и 7 јануари

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година.

Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, пак, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата на истите, се наведува во соопштението на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

извор: vesnik.com