Неколку скопски општини утре ќе бидат БЕЗ СТРУЈА

Неколку скопски општини утре ќе бидат БЕЗ СТРУЈА

01. 03. 2023.

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините...

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините Карпош, Чаир и Илинден.

Во периодот од 07:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.„Никола Парапунов“ – зградите околу Телма телевизија, Тинекс маркет, Шартекс, Француско интернационално училиште EFIS и околните корисници во општина Карпош.

Како што информираат од РЦУК Скопје, во периодот од 08:30 до 11:00 часот, без струја ќе бидат дел од ул.„Никола Грчето“, дел од ул.„Аугуст Цесарец“, дел од ул.„Методија Митевски“ и градинката „Снежана“ во општина Чаир.

Без струја во период од 09:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од ул. „Серава“, ул.138, ул. „Дримкол“, ул.„Кумбара“, ул.„Места“ во општина Чаир, а во период од 09:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 1, ул.2 и ул. 532 во село Кадино, општина Илинден. 

извор: biznisvesti.mk