Бројот на отворени работни места е зголемен за 160.000 или 6,6 отсто во однос на претходниот квартал, а за 17,5 отсто во однос на истиот период лани, објави ИАБ, повикувајќи се на сопствено истражување.
Можеби ќе ве интересира: Овие земји во Европа бараат странски работници
„Потребата од работници во Германија е на нов рекорд. Огромното мнозинство на понудени работни места се постојано отворени, а компаниите се тркаат за квалификуван персонал“, рече Александар Кубис (Александар) од ИАБ.
Институтот испитува илјадници компании на секои три месеци и ги евидентира не само работните места пријавени во агенцијата за вработување, туку и сите огласи за вработување.
Извор: biznisinfo.mk
