Во Охрид има 600 паркинг места за автомобили, а во текот на летото се отвораат дополнителни 300 поради туристичката сезона, но и тоа не е доволно. Катна гаража би помогнала за решавање на проблемот вели директорот на ЈП, Теодор Андоноски.
Во Охрид нема бесплатен паркинг освен за време на верски празници, поради тоа што Охрид е туристичко место. Во Охрид има и хуманитарни паркинзи, чии средства се наменети за деца и семејства во социјален ризик.
