Не се надевајте на вистинско лето: Еве какво време не очекува во јуни, јули и август

Не се надевајте на вистинско лето: Еве какво време не очекува во јуни, јули и август

01. 06. 2023.

Метеорологот Славчо Попоски вели дека не треба да се надеваме на вистинско лето, затоа што во јуни, јули и август ќе имаме чести временски непогоди и свежо време.

„Според денешните најнови метео анализи кои ги направивме за претстојното лето, укажуваат на тоа дека нема да имаме лето како што доликува, со вистински летни горештини, стабилно време и чести топлотни бранови, како што беше на пример минатото лето. Оваа година месеците јуни, јули и август ќе поминат во знакот на многу нестабилно време, како и со чести врнежи и грмежи, а постои опасност и од локални поплави. Температурите ќе бидат околу, или под просекот за летниот период, односно се очекува посвежо лето. Поплави освен кај нас во Македонија, можни се и во целиот регион, а временските непогоди кои се очекуваат би можело да направат и поголеми штети“, вели Попоски. 

Ова лето постојано територијата на Македонија, како и на целиот Балкански Полуостров ќе бидат под влијание на циклонски активности, како и на влажни и нестабилни воздушни маси. Граѓаните да се навикнат на честите временски непогоди, како и на секојдневниот дожд.

Температурите ова лето ќе бидат далеку пониски за разлика од изминатото лето, а за првиот голем топлотен Африкански бран ќе се изначекаме. Истиот го нема во најава и во јуни месец.

извор: faktor.mk